СДСМ: Мицкоски ги навредува докторите и го поткопува здравствениот систем

Во време кога целиот свет е обединет во борбата проти коронавирусот, во време кога сите даваат придонес за справување со пандемијата мрачниот Мицкоски одмага и го поткопува здравствениот систем, велат од владејачката СДСМ во соопштение до јавноста испратено утрово.

-Црниот придонес на Мицкоски од почеток на пандемијата се состои од масовно прекршување на мерките за заштита од коронавирусот, одење по тератани и ресторани кога тоа е забрането, ширење лажни вести дека нема доволно тестови, кревање паника кај граѓаните дека нема доволно заштита опрема. Преку своите послушници, Мицкоски кочеше финансиска помош од Светска банка за опремување на 16 ковид центри низ државата, придонесе полицијата да не ги казнува прекршителите на мерките за заштита, се вели во дописот.

Според СДСМ, Вело Макровски лажно ги клеветел здравствените работници дека терапиите се несоодветни, ги советувал граѓаните да не носат маски затоа што вирусот не е опасен.

-Со организирање морбидни перформанси на кои се злоупотребува смртта на граѓаните, некрофилот Мицкоски го покажа своето нечовечно лице, без трошка сочувство ги злоупотребува починатите од коронавирусот и нивните најблиски за политичко профитирање. Мицкоски ги навредува докторите и се обидува да го поткопува здравствениот систем. Граѓаните гледаат дека мрачниот Мицкоски се грижи само како да ја задржи фотелјата во белиот дворец и затоа тој уште долго ќе остане во опозиција, се вели во дописот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега