Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски ги држи сите граѓани како заложници

    СДСМ: Мицкоски ги држи сите граѓани како заложници

    08.05.2026 во 11:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мицкоски повторно прибегнува кон старата техника на мачкање очи. Кампњата е почната. Еден дел од кампањата е заострување на односите со Бугарија. Иако се уште не формирана владата во Бугарија, тој веќе изјави дека не очекува подобрување, туку заострување на односите, се вели во соопштението од СДСМ. 

    „Уште минатата година, во јули, бугарскиот претседател Румен Радев јасно кажа дека Македонија сама себе си го блокира патот кон ЕУ.

    Оваа кампања се води токму за да има готово објаснување зошто не се внесуваат малцинствата во Уставот.

    Вториот дел од кампањата е напад на СДСМ дека ја кочи реформската агенда со Изборниот законик.

    Работата е многу едноставна. 

    Мицкоски има апсолутно мнозинство во Собранието, што самиот повеќе пати го нагласи. 

    Како што ја укина техничката влада, така може да спроведе сè останато. СДСМ за тоа не му е потребен.

    СДСМ му треба само како алиби зошто не ги исполнува условите за продолжување на преговорите и отворање на поглавјата за пристапување во ЕУ.

    Ете ја целата приказна. 

    На Мицкоски му треба алиби. Ние нема да му го дадеме.

    По ветувањето дека ќе го укине Преспанскиот договор, а да не каже дека тоа значи излегување од НАТО, дека ќе го врати името во БЈРМ или ФИРОМ, а дека тоа подразбира целосна изолација.

    Како што тогаш ветуваше, а ништо не исполни, така и сега. Иста приказна, друга тема.

    Тогаш клечеше и молеше за власт, сега цела Македонија клечи поради катастрофалната економска ситуација и сиромаштијата.

    Сè прави за да се заштити себеси и својата криминална група. 

    Сите граѓани ги држи како заложници затоа што не сака ЕУ, не сака контрола на европското обвинителство, бидејќи тогаш не може да краде како денес, тогаш некој мора да одговара.

    Наскоро доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

    Мора да одговараат!“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.