СДСМ: Мицкоски е против ЕУ

 
„Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество.
На Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за за мораториум“, порачаа утрово од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.
 
„ДПМНЕ и Мицкоски зборуваат за македонско единство за мораториуми, но се повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ.
Мицкоски е против ЕУ, како што го блокираше изминативе две години, Мицкоски е спремен да го одложува членството во ЕУ, исто како што правеше неговиот ментор Груевски.
Изборот пред граѓаните на овие избори се Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ, Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски, кои нема да се откажат од европската иднина“, стои во партиското соопштение.
21.04.2024 - 08:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа