СДСМ: Мицкоски е маша на лидерот од Будимпешта

-Христијан Мицкоски е последен што може да зборува за легитимитет, тој неговиот го црпи од Будимпешта од каде ги добива сите одобрувања и наредби за својата работа.  ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија со лидер осуден за криминал кој живее во друга земја, а во партијата има поставено вршител на должност, реагираат од владејачката СДСМ во врска со изнесените ставови на Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Алсат.
 
-Премиерот Димитар Ковачевски и актуелната Влада имаат полн капацитет, легитимитет и проширено мнозинство. 
Оттаму, наместо постојано да ја оптоварува јавноста со барање избори, Мицкоски да се обиде еднаш да се издигне над партиските интереси и наредбите од Будимпешта и да застане во интерес на граѓаните. Да ги поддржи проектите и реформите во интерес на граѓаните и да покаже државност ако било кога во иднина сака да ја добие довербата од грѓаните. Деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ ги надминува сите граници, а желбата за избори на сметка на грбот на граѓаните е дегутантна, се вели во реакцијата на СДСМ испратена до медиумите.
28.01.2022 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега