СДСМ: Мицкоски e лицемер, лично го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со Ванчо Михајлов

Христијан Мицкоски е докажан лицемер, додека јавно го осудува клубот Ванчо Михајлов во Охрид, неговата партија се повикува на континуитетот на делата на Михајлов.  Мицкоски лично го потврди континуитетот на Ванчо Махајлов на неодамнешнит таканаречен Симпозиум на ВМРО-ДПМНЕ, кога зборуваше и се повикуваше на континуитетот. ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михаилов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје“, велат од СДСМ.
 
СДСМ порача дека ВМРО-ДПМНЕ денеска е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх.
 
„Заглавена во минатото ВМРО-ДПМНЕ нема што да понуди на граѓаните за иднината. Мицкоски е предводник на концептот против членство во ЕУ кој носи изолација и враќање назад“, се вели во соопштението.
30.10.2022 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега