СДСМ: Мицкоски е лицемер и лажго

-Барањето на ВМРО-ДПМНЕ второто полугодие наставата да продолжи онлајн, без физичко присуство е лицемерно, неискрено и лажно.
Одлуката за наставата да продолжи со физичко присуство е донесена врз основа на мислењето на стручните лица, на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, реагираат од владејачката СДСМ во врска со барањето на опозициската партија, да се преиспита одлуката за продолжување на уличишната година со физичко присуство на учениците.
 
-Задрвјето на учениците е заштитено со спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство, а тоа се покажа и во минатото.
Лицемерието на Мицкоски нема граници, едно зборува а друго прави.
Предгала наставата да биде онлај а Мицкоски седи во кафани и ги прекршува мерките.
Предлага Собранието да има 90 пратеници а неговата ВМРО-ДПМНЕ постојано го блокира македонскиот парламент.
Предлага една изборна единица а ВМРО-ДПМНЕ со години го блокираше Законот во Собранието, на штета на помалите партии.
Тоа е Христијан Мицкоски, најголем лицемер и лажго, стои во нивната реакција.
30.01.2022 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега