СДСМ: Мицкоски е дно, опасен и мрачен некрофил
Некрофилната кампањата што ја тера Мицкоски врз грбот на починатите и заболените од светски раширениот коронавирус, врз грбот на нивните семејства, роднини и пријатели го покажува неговото политичко днo, смета СДСМ.
„Мицкоски нема никаква грижа на совест што ги кршеше мерките, што постојано ја поткопува борбата против пандемијата, што работи против здравствениот систем и го загрозува јавното здравје", реагира СДСМ со соопштение.
Од партијата го прашуваат Мицкоски тогаш кога одел во кафеана или во теретана и ги кршел мерките, или пак кога организирал протести, дали мислел на болните и на здравствените работници.
„Дали Мицкоски мислеше на последиците кога неговиот Вело Марковски велеше дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носат маски? Не. Или кога неговиот Наќе Чулев ги храбреше граѓаните да ги кршат мерките за заштита, велејќи дека полицијата нема да ги казнува? Или кога го блокираше заемот за опремување на клиничките болници? Не. Никогаш. Мицкоски е најголема закана за здравјето на граѓаните! Само Мицкоски и ДПМНЕ некрофилска се радуваат на жртви, на смрт, на починати сограѓани, Македонци, Албанци, Срби, Роми, Власи, Турци"....
СДСМ на крајот од соопштението пишува: „Има еден збор за ваквото однесување, Мицкоски е мрачен некрофил, опасен по здравјети и тоа што го прави е одвратно! Вакво ниско ниво на политичка култура не е видена досега".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа