Се потврди уште една голема лага на Христијан Мицкоски, реформската агенда не е исполнета иако вети пред јавноста дека до 1 јуни ќе ги исполни сите обврски, пишува во денешното соопштение на СДСМ.
Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да владее со лаги.
Ги лажеше граѓаните за името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобра преговарачка позиција со Европската Унија, ги лажеше дека македонскиот јазик и идентитет се загрозени, ги излажа дека ќе донесе економски просперитет, подобар животен стандард, поголеми странски инвестиции.
Сега се потврди уште една лага, ги излажа граѓаните и за реформската агенда.
Иако доби дополнително време за исполнување на обврските, не успеа да реализира ниту мал дел. Од 10 клучни закони предвидени во Реформската агенда донесени се само 2, што значи процент на реализација од едвај 20%.
Ова е свесно и систематско одложување.
Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака да ги исполни.
Реформите значат владеење на правото, независни институции, силна борба против корупцијата и европски правила што не дозволуваат злоупотреба на јавните пари преку криминални тендери.
Тоа би значело крај за неговата криминална заштита и одговорност за сите афери, долгови, тендери.
Затоа Македонија стои во место, додека Црна Гора и Албанија напредуваат кон Европската Унија.
Доста е со лаги.
Реформи сега.
Европа сега.


