Луксузирањето на премиерот Мицкоски со пари на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажува вистинското лице. Уште една потврда колку власта е опиена од моќта и аздисаното грабање пари преку приватни бизниси и криминални тендери, велат од СДСМ.
„Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, се кратат и парите во спортот за 5 милиони евра, а премиерот најбезобразно се луксузира врз грбот на народот.
Груевски купуваше очила од 60 илјади евра, нарачуваше луксузен мерцедес од 600 илјади евра а Мицкоски со часовници од 60 илјади евра се луксузира со авион.
Пола Влада се шетала со владиниот авион. Главна дестинација- Будимпешта, кај нивниот шеф, Груевски.
Па уште и нов авион ќе купувала Владата.
300-400 милиони евра за нов авион е спремна Владата на Мицкоски да потроши само за нови туристички патувања.
Работниците едвај може да си ги прехранат семејствата со ниските плати, поскапена е храната, струјата, греењето а владата запнала за нов авион.
Ова е врв на аздисанст.
Веќе недостастуваат 2 милијари евра во буџетот е се планира нов авион за туристички патувања на премиерот и министрите. Очигледно затоа „мигранти за пари“ им е следниот извор на финансирање.
Нека не се крие Мицкоски, да излезе пред граѓаните и да каже колку чинело неговото возење со авион до море и кој бил со него?“, прашуваат од СДСМ.


