Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње
    • Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Обвинет вработен во познат синџир на супермаркети: Направил штета од 26.000 евра давајќи попуст на купувачи
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски да објасни според кои критериуми Стоилковиќ останува министер

    СДСМ: Мицкоски да објасни според кои критериуми Стоилковиќ останува министер

    15.07.2026 во 08:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер за локална самоуправа, наведува СДСМ во соопштение.

    -Оваа промена повторно го отвора прашањето: што точно Стоилковиќ ѝ носи на Владата на Христијан Мицкоски, освен личната блискост со Српската напредна странка и Александар Вучиќ? Стоилковиќ не носи никаква поддршка во Собранието или Владата. Неговата вредност за ВМРО-ОКГ се сведува на улогата на офицер за врска со Белград.  Како таков, Стоилковиќ обезбедува директен канал за комуникација, влијание и пристап до информации внатре во извршната власт на Македонија – токму она што одговара на интересите на „српскиот свет“ и регионалната политика на СНС. Ако Стоилковиќ „добро ја работел работата“ на претходната позиција, зошто воопшто е преместен? Зошто беше меѓу министрите со најмногу критики и барања за смена, а сепак е задржан во новиот состав на Владата?, прашуваат од СДСМ.

    Велат единственото логично објаснување е дека Мицкоски попушта на надворешни притисоци, пред сè од Белград за да го задржи лојалниот партнер блиску до центрите на одлучување.

    -Поставувањето на Стоилковиќ на министерска позиција не е случајно. Тоа е гаранција дека влијанието на Вучиќ ќе остане институционализирано во нашата Влада.  Мицкоски, наместо да им служи на граѓаните на Македонија, со ваков кабинет продолжува да им служи на интересите на трети страни. Особено загрижува што човек со таква позиција во Собранието физички се обиде да се пресмета со пратеникот Митко Трајчулески и отворено пцуеше пратеници, велат тие.

    Додаваат дека човек кој јавно се фали со врските со „Ноќните волци“ на Путин, кој неодамна патуваше во Кина заедно со српската делегација и таму ја промовираше кинеската комунистичка партија, а кој е близок и со бизнис-партнерот на Мицкоски – почесниот конзул во Србија Душан Адамовиќ, не може да биде министер во Владата на Македонија.

    -Повикуваме премиерот Мицкоски јавно да објасни според кои критериуми Стоилковиќ заслужува да остане во Владата и каков конкретен придонес очекува од него на новата позиција, освен одржување на врските со Белград и странските центри на моќ. Српскиот народ не е Вучиќ, а СНС не е Србија. Народот во Македонија тоа многу добро го знае, стои во соопштението на СДСМ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност

    06.10.2026 во 18:52

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.