СДСМ: Криминалната ДПМНЕ проневерувала пари и од европски фондови

 

ДПМНЕ е криминална партија, која освен што ги крадела граѓаните, правела проневери и со пари од европски фондови, велат од СДСМ.

-Последен доказ е случајот на Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) која констатирала неправилности и сега препорачува државата да ги врати парите, за проект во министерството за земјоделство од 2015 година вреден 660.000 евра. Ова се случувало во време кога премиер бил Никола Груевски, а негов советник за енергетика Христијан Мицкоски, велат оттаму.

Според СДСМ, актуелното раководство на Министерството за земјоделство до надлежното обвинителство достави конкретен предмет со конкретни правни дејства и бараат Обвинителството за гонење организиран криминал да постапи по овој случај и низ законска, судска постапка да бидат санкционирани сите за кои ќе се докаже дека се виновни, а потоа и парите да бидат вратени.

Како што пишува СДСМ, овој случај на криминал освен што го има оштетено државниот Буџет, фрла дамка и врз репутацијата на нашата држава, која последниве години е лидер во регионот во искористеност на средствата од ИПАРД Програмите.

05.08.2023 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега