СДСМ: Ковачевски со нов пакет мерки за намалување на цената на храната

Според партијата на власт, Владата предводена од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, во услови на најголемата светска економска и енергетска криза продолжува со грижата за граѓаните и компаниите.

„Со новиот пакет мерки им се овозможува на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, основните и средни јавни училишта, јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води да имаат поевтина струја. Со одлуката се опфатени компаниите што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија“, се посочува во соопштението од СДСМ.

Ова, како што појаснуваат, ќе влијае врз стабилизирање и намалување на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании. Се очекува, додаваат од СДСМ, мерките да доведат до намалување на цените на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто.

„Истовремено струјата ќе продолжи да се субвенционира со 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи фирми. Владата предводена од СДСМ од почетокот на годината за антикризни мерки за граѓаните и за компаниите намени 750 милиони евра, односно околу пет отсто од БДП, што е најмногу како процент споредено со земјите од Западен Балкан. Со СДСМ никој нема да биде оставен сам во кризата“, се додава во соопштението од владејачката партија.

31.10.2022 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега