СДСМ: Ковачевски обезбеди парно за скопјани

„Донесена е Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД „Електрани на Северна Македонија“, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.
Граѓаните на Скопје да бидат спокојни, испораката на топлинска енергија во претстојната сезона нема да биде доведена во прашање.
Преку преземените мерки Владата предводена од СДСМ и Ковачевски обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите.“ - велат од СДСМ
28.09.2022 - 10:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа