СДСМ: Кога веќе не помагаат од ВМРО-ДПМНЕ, нека не одмагаат

 

Постапката на соседна Бугарија наиде на осуда и несогласување од целата Европска Унија, од  демократскиот свет, велат во соопштение од СДСМ.

„Само антиевропското ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски се радува и слави, го покажуваат своето антидржавно и антиевропско лице.

Токму така се однесуваа и кога се носеа реформите важни за иднината на државата. Така се однесуваа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кога се обидоа да го кочат влезот во НАТО.

Христијан Мицкоски и антиевропското ДПМНЕ не направија ниту едно добро за европските интеграции во изминативе години. Сите нивни позиции и дејства беа контра НАТО и контра ЕУ.

Ниту една блокада, ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат европската иднина на Северна Македонија и нејзините граѓани.

На им успеаја блокадите да се врати демократијата и слободата во нашата држава. Не им успеаја очајните обиди да го загрозат пристапувањето во НАТО.  Не им успеа да ја спречат правдата.

Нема да им успеат ниту овие обиди, да ја оддалечат државата од интеграција во ЕУ, да посеат раздор кај македонскиот народ и поделби меѓу граѓаните.

Ние сме за ЕУ, нашиот пат е европски, ќе продолжиме со силни напори да бараме решeнија, нема алтернатива за нашата европска иднина.

Реформите мора да продолжат, како и нашата борба. И понатаму ќе продолжиме да водиме грижа за националните интереси но и со напорите за отворање на пристапните преговори во 2020 година.

Правото на самоопределување е светост. Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори.

Ова е момент кога одредени национални прашања ги надминуваат границите на партиски пресметки.

Ако веќе не сакаат и не можат да помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека не одмагаат“ стои во соопштението на владејачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2020 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега