Close Menu
Press24
    Најново

    Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран

    23.03.2026 во 20:02

    Ефект „Трамп“ на берзите: Нафтата поевтинува, акциите во нагорен тренд

    23.03.2026 во 19:37

    Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно

    23.03.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран
    • Ефект „Трамп“ на берзите: Нафтата поевтинува, акциите во нагорен тренд
    • Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно
    • Полициска акција во Скопје – четворица приведени
    • Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно
    • Алиу: Со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести
    • Индиски танкери поминаа низ „жешкиот“ Ормуски Теснец
    • Иран ги заострува одбранбените механизми: Нови директиви од врховниот лидер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Извинување до Орце Ѓорѓиевски

    СДСМ: Извинување до Орце Ѓорѓиевски

    20.02.2026 во 16:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, Пирамид билдинг и Ленди груп, велат од СДСМ.

    „За два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник.

    20 милиони денари е тендерот за Пирамид Билдинг со склучен договор на 05.12.2026 година.

    76 милиони денари е тендерот за Ленди Груп со склучен договор од 28.01.2026 година.

    Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме?

    Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56те тендери на Пирамид билдинг, каде е татко му на шефот на Кабинет на Мицкоски, Нелоски?

    Или да се извинуваме и 74те тендери на Ленди груп вредни 17.5 милиони евра?

    Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува?

    Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе?

    А што се однесува до чантата, следниот пат кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, очигледна е. 

    Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да“, стои во соопштението од СДСМ.

    Популарно

    Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран

    23.03.2026 во 20:02

    Ефект „Трамп“ на берзите: Нафтата поевтинува, акциите во нагорен тренд

    23.03.2026 во 19:37

    Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно

    23.03.2026 во 19:11

    Полициска акција во Скопје – четворица приведени

    23.03.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.