Средбата ја нарекува клучна. Пораките за уставните измени не му се допаѓаат. 

Фон дер Лајен кажа јасно: на маса стои промената на Уставот. И нагласи: Европа ве чека со вашиот идентитет и со вашиот јазик.

Тоа е истата реченица што Мицкоски ја продаваше како предавство.

Никогаш Северна. Укинување на Преспанскиот договор. Враќање на името. Па Преспанскиот договор стана ремек-дело. Силјановска рече: македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со договорот од Преспа, велат од СДСМ. 

Сега тоа, во лице, го кажува и претседателката на Европската Комисијата. А тој е незадоволен.

Незадоволен е затоа што му ја одзедоа лагата. Не затоа што некој го чепка македонскиот идентитет.

Затоа што чекорот остана ист: Основи, реформи, обвинителство. Лаура Ковеши пред членство.

Мицкоски тоа не го сака. Затоа „разговараме, не преговараме“. Затоа вината пак ја насочува кај претходните.

Две и пол години ветуваше подобри услови. Никаде ги нема. Нема гаранции. Нема нова рамка. 

СДСМ го зборуваше ова пред изборите. Сега му го кажа и Фон дер Лајен во лице. 

Нема повеќе лаги дека тој нешто чува, затоа што претходната влада веќе го зачува. 

Единствениот што го загрозува националниот интерес е токму тој – арамијата Мицкоски. Затоа што национален интерес на Македонија е членство во ЕУ.

Нема повеќе предавниции. Затоа што тој е единствениот предавник на интересот на граѓаните, заради личен интерес.

И што ќе прави сега Мицкоски? Избори? За да избега од следниот чекор? 

Некој од Спутниците да му фрли ракавица? Да го предизвика, па повторно нови ветувања? Нови лаги?

Вистината дојде. Правдата наскоро. Власта повторно ќе биде во рацете на граѓаните.

Арамија е незадоволен од вистината. Народот е незадоволен од бандата. 

Правдата мора да биде задоволена, додаваат од СДСМ.

Exit mobile version