СДСМ и ДУИ демантираат дека постигнале договор за нова Влада по принципот 3+1

И СДСМ и ДУИ демантираат дека постигнале договор за нова Влада откако во дел од медиумите беше објавено оти двете партии се договориле за принципот 3+1, односно три години лидерот на СДСМ да биде премиер, а една година кандидатот на ДУИ, Насер Зибери.

 

-Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина. Исто така, не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори, велат од СДСМ.

И од ДУИ го потврдуваат овој став.

Денеска продолжуваат консултациите на различни нивоа. Засега познато е дека се потврдени принципите на кои ќе се темели коалицијата меѓу двете партии.

-Се подготвуваме за следните чекори како што е изработката на детална програма за работа и дефинирање предлози за соодветни, подготвени и способни кадри. Веруваме дека ваквиот пристап ќе доведе до конечен договор и до Влада со полн четиригодишен мандат која ќе биде изгласана во Собранието, ќе им служи на сите граѓани подеднакво и ќе го продолжи партнерството со нашите евроатлантски сојузници, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега