СДСМ: Христијан анти ЕУ Мицкоски да им се извини на своите што ги лажеше

 
СДСМ соопшти дека седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е идеална шанса за Христијан Мицкоски да им се извини на своите сопартијци што ги лажеше.
„Да им се извини за лагите за наводна бугаризација и асимилација.
 
Да им се извини за измислените манипулации за продавање на идентитот.
 
Да им се извини што велеше дека нема да почнеме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик.
 
Да им се извини што во ЕПП прифати нашата земја да биде срамно претставена со кратенка од регистерка табличка“, се вели во соопштението.
 
Да им се извини за сите навреди, колнења и хушкања кои ги тераше да ги кажуваат само за да ја спасат неговата политичка кариера, порачаа од СДСМ.
 
„Им должи Мицкоски извинување и за неуспешните крвави сценарија за предизвикување дестабилизација и етнички конфликт во дравжата, за обидот за блокада на европскиот пат на државата.
 

 

Секако доблесно би било и да потврди дека македонскиот јазик со чиста формулација без фусноти станува дел од преговарачкиот процес со ЕУ но тоа е прмногу да се бара од Мицкоски“, велат од партијата.
21.07.2022 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега