СДСМ: Хистеричниот Мицкоски да не чека туку да одговори, за кои структури одработува?

Самопрогласениот хистеричен политичар четири дена се крие и не дава одговор на јавно поставени прашања, велат од СДСМ.

Во соопштението од партијата неведуваат дека наместо одговор, Мицкоски со денови организира собири за спас на неговата фотелја во белиот дворец, а преку неговите пратеници се обидува да ја блокира работата на Собранието.

 „Мицкоски да собере храброст и да одговори на прашањата за кои јавноста четири дена чека одговори: 

Кој му ја доставил информацијата за наводно распарчување на државата? Зошто тоа не го пријавил до надлежни институции. За кои структури во Бугарија и за какви цели одработува Мицкоски?

Мицкоски да излезе во јавноста и да одговори,  да не чека за неговото подмолно одработување да прозбори друг. Нашата татковина е цела и останува цела. Мицкоски е опасност за државата и граѓаните. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано кочат и блокираат, ја кочат борбата со коронавирусот, ја блокираат работата на Собранието, го кочеа напредокот кон НАТО, борбата против криминалот и корупцијата. Мнозинството граѓани даде огромна поддршка за напредокот и за иднината. Република Северна Македонија чекори напред кон прогресивна иднина и кон остварување на стратешките заложби. Колку и да не му се допаѓа, колку и да е хистеричен, Мицкоски нема да ги блокира реформите и европскиот пат на државата.“ велат во соопштение од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега