СДСМ го осудува криминалниот чин на палење на возилото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ ги повика МВР и сите надлежни институции целосно да го расчистат случајот со опожареното возило на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, сторителите да бидат пронајдени и санкционирани согласно законите.
СДСМ го осуди овој криминален чин, повикува на одговорност и очекува јавноста детално да биде инфрормирана за причините, мотивите како и за сторителите.
„Доколку во ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми не е начин неосновано да се обвнува било кој, како што поединци во оваа партија на чело со армискиот дезертер, Драган Ковачки го прват.
Обидите за манипулација и покажувањето со прст кон некој друг, само за дневно-политички цели, е свесна злоупотреба на случајот, а можеби и свесно погрешно наведување.
На потег се институциите“, велат од партијата.
На потег се институциите“, велат од партијата.
20.07.2022 - 10:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа