СДСМ го осудува говорот на омраза на протестот во Тетово

Форумот на жени на СДСМ најостро го осудува говорот на омраза и вербално родово базирано насилство за време на денешниот протест во Тетово, реагира владејачката СДСМ.

 

-Го осудуваме говорот на омраза кон жените во политиката и кон сите жени воопшто, а овие вербални напади кон градоначалничката на Тетово, Теута Арифи е срамен пример. Очигледно дека опозицијата, коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, исто така ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во политички цели. Ова е крајно неодговорно однесување врз грбот на националната трагедија, додека се уште трае истрагата која ќе ги даде сите одговори за трагичната несреќа. Политиканството на опозиција, навредите, вербално родово насилство и говорот на омраза насочен против жените се недозволиви.

 

 

 

17.09.2021 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега