СДСМ: Германија ја потврди силната поддршка за нашата татковина

 

„Германија уште еднаш ја потврди силната и јасна поддршка за нашата татковина и даде гаранции дека нема нови условувања на европскиот пат.“-велат од СДСМ во своето соопштение.

-По усвоената Резолуција од страна на Бундестагот за охрабрување на македонската иднина во ЕУ и признание на македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, јасни и силни гранции даде и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Ова е уште една потврда на државничките политики на СДСМ.

Сега треба да се искористи силната поддршка од стратешките партнери на државата ЕУ и САД, за да се направи исчекор напред во евроинтеграциите.-додаваат од партијата.

„Патот кон ЕУ е трасиран, историската шанса не смееме да ја пропуштиме и треба да го дадеме нашиот глас за Европа.

 

Гласот во македонскиот парламент за уставните измени е глас за европската иднина на Северна Македонија.“-стои во соопштението.

29.06.2023 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега