СДСМ: Единствената цел на губитникот Мицкоски е да ја закочи државата

Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај, со најава за некакви блокади на институциите покажува дека единствената битка што ја води е како да си ја сочува партиската фотелја, а не како да и помогне на државата, велат од СДМ.

Според владејачката партија, единствената цел на ВМРО-ДПМНЕ е да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ.

-Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде се појавуваат се помалку граѓани. Пред нив, Мицкоски го навреди целиот македонскиот народ е хистеричен. Но, граѓаните воопшто не се хистерични. Одамна го препознаа лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ и три пати по ред ги поразија поради антидржавно и антиевропско дејствување кое е на штета на државните и националните интереси.  Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2020 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега