СДСМ: ДПМНЕ само се фалат со туѓи проекти, немаат сопствени идеи

 


По шест месеци на власт, ДПМНЕ освен промоции на веќе започнати проекти од времето на Владата на СДСМ, не понуди и не започна ниту еден нов капитален проект во патната инфраструктура, велат од СДСМ.

„Ова е јасен показател за недостатокот на ДПМНЕ од идеи и визија за развој.
Министерот Николовски, наместо да презентира нови иницијативи и планови за инвестирање во патната инфраструктура, се претвори во промотор на авио-линии, што е само рутинска обврска со авиокомпаниите, а не капитална инвестиција.

Очигледно е дека капацитетот на Николовски и ДПМНЕ е ограничен на промоција на проекти кои над 90% беа реализирани за време на Владата на СДСМ.

Пример за тоа е експресниот пат Куманово – Страцин – Крива Паланка, за кој Николовски вели дека е пример за „домаќинско работење.“ Министре Николовски овој проект 90% беше завршен во време на Владата на СДСМ и вистината е дека токму СДСМ покажа како стратешки се инвестира и работи во интерес на граѓаните.

Доколку не беа блокадите од пратениците на ДПМНЕ, овој проект ќе беше завршен многу порано, дури и во текот на 2024 година. Инфраструктурата во истокот и североистокот доживеа вистинска експанзија токму за време на СДСМ, додека во времето на ДПМНЕ беше заборавена и запоставена.

Понатаму, околу 92% од делницата Градско Дреново и  над 80 % од делницата Дреново-Фариш исто така беа реализирани благодарение на домаќинското работење на Владата а СДСМ.

Министре Николовски, СДСМ ви остави три завршени крупни инфраструктурни проекти за само да пресечете лента, но и тие иако со  над 90% реализација не можете да ги довршите.
Граѓаните имаат потреба од реални капитални проекти за безбеден транспорт и економски развој. СДСМ секогаш ќе биде на страната на политиките кои значат еконоски развој и просперитет на државата“, стои во соопштението на СДСМ.

10.01.2025 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега