Close Menu
Press24
    Најново

    Виткоф: „Се надеваме дека Русија не му помага на Иран“

    10.03.2026 во 18:37

    Познатата авиокомпанија ги откажува летовите од и до Дубаи

    10.03.2026 во 18:21

    Драма на аеродромот во Тел Авив: Германскиот министер евакуиран во бункер

    10.03.2026 во 18:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Виткоф: „Се надеваме дека Русија не му помага на Иран“
    • Познатата авиокомпанија ги откажува летовите од и до Дубаи
    • Драма на аеродромот во Тел Авив: Германскиот министер евакуиран во бункер
    • Трамп објави над 200 пораки на социјалните мрежи од почетокот на војната со Иран
    • Мерц му пркоси на Трамп: Германија нема да ги укине санкциите за Русија заради евтина нафта
    • СДСМ: ДКСК 100 дена молчи за криминалните тендери на власта
    • Град Скопје: Семафорот ќе си го плати камионџијата што го уништи
    • Мицкоски утре ќе им оддаде почит на депортираните македонски Евреи во Монополот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ДКСК 100 дена молчи за криминалните тендери на власта

    СДСМ: ДКСК 100 дена молчи за криминалните тендери на власта

    10.03.2026 во 17:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Поминаа повеќе од 90 дена од првата пријава што СДСМ ја поднесе до Државната комисија за спречување на корупцијата, а одговор – нема Точно 98 дена ДКСК молчат за сериозните сомнежи за криминал и злоупотреби што ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ, велат од СДСМ во реакција испратена до медиумите.

    Нема реакција ниту за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, нема реакција за 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта „Пирамид Билдинг“, нема реакција ниту за 74 тендери за „Ленди груп“, за 9 милиони евра доделени на фирма со само двајца вработени, ниту пак за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

    98 дена ДКСК нема ниту збор за овие скандали.

    ДКСК молчи и за назначувањето на Ефимија Димовска на чело на Развојната банка, сопруга на бизнис-партнерот на Мицкоски во хидроцентралите. Иако е сопственик на компании и постои ризик од судир на интерес.

    Бизнис мрежата на Мицкоски се шири, секој ден има скандали и криминални тендери а ДКСК молчи и не презема ништо.

    Членовите на ДКСК треба да знаат дека молкот е соучешништво, велат од СДСМ.

    Популарно

    Ненад Савевски е новиот државен јавен обвинител

    10.03.2026 во 13:31

    Уживајте во убавото време – Викендов следи лош пресврт

    10.03.2026 во 08:04

    Иран ги прекинува сите преговори со САД: Имаме премногу горчливо искуство, војната ќе го запали целиот регион

    10.03.2026 во 09:41

    Неочекуван пресврт – Цената на нафтата драстично падна на светските берзи

    10.03.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.