СДСМ: Дијалогот за уставните измени да продолжи, ДПМНЕ има шанса да направи нешто за државата

„ДПМНЕ нема поддржано ниту една државничка одлука досега.Беа против членството во НАТО, против Договорот со Грција, не го поддржаа продолжувањето на преговорите со Европската унија а не гласаа ниту за Договорот ФОРНТЕКСТ.“-стои во соопштението на СДСМ.
-ДПМНЕ-Левица се единствени партии во земјата кои се против Резолуцијата на германскиот Бундестаг за признавање на македонскиот јазик, идентитет и култура. Сега е време ДПМНЕ да размисли и макар еднаш да покаже државничко однесување. Откако се доближија ставовите на последната лидерска средба дијалогот за уставните измени треба да продолжи.-додаваат во соопштението.
„Со дијалог може заедно да ја донесеме одлуката за уставните измени а со тоа да го обезбедиме продолжувањето на европскиот пат се до полноправно членство. ДПМНЕ има шанса да направи нешто добро за државата.“-додаваат од партијата.
24.06.2023 - 10:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа