СДСМ: Беспредметно е оваа Влада да одговара на пратенички прашања

ВМРО-ДПМНЕ може да учи што е демократија, отчетност и транспарентност на институциите, да учи за тоа што е одговорност и како им се служи на граѓаните - велат од СДСМ во писмено соопштение.
 
„Оставката на премиерот Зоран Заев а со тоа и на целата Влада е врвен чин на одговорност, на демократска зрелост, нешто што е непознато за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
 
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, со инсистирање на одржување на седница посветена на пратенички прашања повторно се обидува да ја одолговлекува работата на парламентот и да го одложи носењето на законите, кои подолго време чекаат на дневен ред.
 
Беспредметно е одржување на седница за пратенички прашања во услови кога целата Влада е во оставка и работи само на техничко ниво.
 
ВМРО-ДПМНЕ си поигрува со интелигенцијата на граѓаните кои ги обезбедуваат нивните плати и ги покриваат нивните трошоци и бара одговори на пратенички прашања од министри во оставка.
 

 

Наместо нецелисходно да го троши времето за работа на парламентот и парите на граѓаните, опозицијата треба да овозможи Собранието да работи без блокади и одолговлекувања во интерес на граѓаните.“ - велат од СДСМ
23.12.2021 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега