СДСМ: Белиот мантил денес е светост и се почитува од сите, само ВМРО ДПМНЕ го користи за потсмев и некрофилна кампања

Очајниот губитник Христијан Мицкоски не престанува да ја злоупотребува несреќата на граѓаните заради дневно партиски цели, велат во ракција од СДСМ.
 
„Белиот мантил денеска е светост и се почитува од сите, само ВМРО ДПМНЕ го користи за потсмев и некрофилна кампања.
 
Бел мантил нека остават на белиот дворец, за да ги потсетува дека за 11 години ништо не направија за докторите. Напротив, системски се уништуваше јавното здравство и се погазуваа правата на пациентите. 
 
Денес, оваа партија предводена од некрофилот Мицкоски секојдневно ги деградира лекарите, здравствените работници, кои посветено, стручно и без да се штедат со месеци се борат со коронавирусот.
 
Огромна е разликата меѓу очајното, некфорилски настроено ВМРО-ДПМНЕ и одговорниот пристап на СДСМ.
 
За само три години Владата предводена од СДСМ основната плата на лекарите специјалисти ја покачи за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на сестрите што работат на клиниките, а за 5% на здравствените соработници и на помошно-техничкиот персонал

 

Ова беше незамисливо за време на владеењето на криминалната и режимска ВМРО-ДПМНЕ. Осум месеци, граѓаните, здравствените работници, институциите, целиот свет, постојано се борат против коронавирусот. Осум месеци, ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем. Со таков однос кон граѓаните и јавното здравје, нека не се чудат зошто се во опозиција и зошто уште долго таму и ќе останат.“ велат во реакција СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2020 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега