Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна, наведува СДСМ во соопштение.

Велат единствена „потврда“ била изјавата на Мицкоски и ништо повеќе..

-Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено. Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше. А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава. Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија. Денес официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Тоа значи дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа. Ова е страшна информација што власта се обидува да ја прикрие, велат од опозицијата.

Додаваат дека, за ова мораат кривично да одговараат:

•  Христијан Мицкоски
•  министерот Клековски
•  и сите одговорни лица од институциите што молчеа додека се загрозуваше здравјето на граѓаните на Гостивар, стои во соопштението.

– Ова сѐ уште трае. Одговорноста не може и не смее да се избегне. Го повикуваме Савевски барем еднаш да постапи согласно законот и да застане во одбрана на граѓаните. Знаеме дека е под команда на Мицкоски, но овојпат се во прашање животите на граѓаните и нивното здравје, велат СДСМ во соопштение упатено до јавноста.

Exit mobile version