СДСМ: Ако МВР било предупреденo за инциденти како што вели Тошковски зошто полицијата не презела ништо

 

Се случија сериозни инциденти кои кулминираа со палање на македонското државно знаме и пукање од огнено оружје со што се наруши безбедноста и се погази државното достоинство, велат од СДСМ.
 
„Полицијата не делуваше превентивно, не делуваше ниту навремено и дозволи состојбата да ескалира на ова ниво, да се подгреат поделби меѓу граѓаните и тензии во општеството.
Вчера министерот Тошковски лично кажа дека МВР добило безбедносно предупредување дека се можни инциденти.
 
Ако МВР било предупредена како што вели Тошковски зошто полицијата не презела ништо? Зошто не делувала превентивно за ескалација да не се дозволи? Зошто тогаш дозволи да се сличи хаос?
 
Пукачите со огнено оружје среде Скопје се уште не се приведени.
 
Самата изјава на Тошковски ја лоцира одговорноста кај него и кај МВР.

 

Секојдневно се пука по улиците во Скопје и ова што се случи е последен од низата настани кои потврдуваат дека Тошковски нема никаква контрола над безбедносната ситуација“, соопшти СДСМ.
01.12.2024 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега