Пет недели проблеми со водата. Две недели епидемија на западнонилска треска. А прскањето против комарци во Скопје почнува дури утре. Сè се чека, со денови, се доцни. Ништо не се прави навреме за да се спречат проблемите со кои се соочуваат граѓаните, пишува во соопштението на СДСМ.
„Кај водата во Гостивар се знаеше денови однапред дека е затруена – никој не реагираше. Граѓаните со денови пиеја вода загадена со фекалии. Институциите молчеа.
Сега, кога веќе имаме епидемија на западнонилска треска, повторно се чека со денови и ништо конкретно не се презема.
Сè се сведува на медиумски настапи и префрлање обвинувања – решенија нема.
Во Скопје веќе има десетина заразени. Некои се хоспитализирани. Двајца починати.
Орце Ѓорѓиевски се појавува само да објави билборд со коњ што има пет нозе. Колегите од криминалната организација – на екскурзија. Со денови го нема министерот за здравство. Нема Обвинителство. Нема одговорни ниту за труењето, ниту за епидемијата. Нема стручни лица што даваат одговори. Нема ниту документи што би го потврдиле она што го тврдат.
Како би изгледало оваа власт составена од „промакедонски“ тендер-патриоти ако се најде во некоја светска епидемиолошка криза? Подобро да не помислуваме“, велат од СДСМ.


