Вчера полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Т.(45) од Гостивар. По претходна пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, кај него се измерени 1,01 промил алкохол во крвта.
Во текот на вечерта, сопругата дополнително пријавила дека истиот подолг период под дејство на алкохол ја принудувал на сексуални односи, вршел психичко и физичко малтретирање врз неа и децата.
Врз основа на тоа, во 23:55 часот бил извршен претрес во домот на И.Т., при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривично дело.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
- Трчајте на бензинска: Нафтата и бензинот драстично поскапуваат
- Зоран Љутков е назначен за национален координатор за култура
- Мисајловски и Лафчиски се обратија на свеченоста по повод Денот на Армијата: Најавени повисоки плати и подобри услови за армиските припадници
- УХМР: Подгответе се за дожд, па за нов топлотен бран со температури над 40 степени
- Заталкани куршуми вознемирија жители во Драчево и Студеничани
- Строги контроли за лиценци за казина и обложувалници: Министерството за финансии донесе нов Правилник за приредувачите на игри на среќа
- АХВ со заштитни мерки против сипаници кај овците и козите: Вакцинација на своја рака ќе се санкционира
- Експлозија пред куќа во Бардовци – оштетени возило, порта и влезот од домот


