Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден, за да ја продолжи поделбата на народот, велат од СДСМ.
„Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“.
Кој е тој „талог“ според Мицкоски?
Сите што не мислат како него.
Сите што ја разобличуваат неговата политика.
Сите што бараат Европа, правда и одговорност.
Истиот човек кој со години ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник.
На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба.
На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа.
Ова не е патриотизам, ова е политичка омраза облечена во празничен говор.
Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека народот го третира како „талог“, стои во соопштението од СДСМ.


