СДММ ја поддржува иницијативата на студентите - Белиот дворец да стане студентски дом

 

Социјалдемократската младина на Македонија ја поддржува иницијативата на студентите и младите, белиот луксузен дворец на ВМРО-ДПМНЕ да стане студентски дом, изјави денеска Марко Михаилоски, претедател на СДММ.

Тој додаде дека одлична е можноста откако ќе се заплени овој имот и пресудата ќе стане правосилна, да се отвори јавна дебата и овој луксузен дворец да се отстапи на идните академски граѓни, на студентите од внтрешноста.

Откако ќе се отвори и јавна дебата со разговор помеѓу сите студенти и сите млади, СДММ стои зад овој предлог, за дворецот да стане студентски дом.

СДММ смета дека студентите заслужуваат студентски дом во строгиот центар на Скопје, истакна Михаилоски.

10.06.2022 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега