СДК.мк: Запален автомобилот на судијата и член на Судскиот совет Мирсад Суроји

 

Автомобилот на судијата Мирсад Суроји од Куманово, кој е актуелен член на Судскиот совет, ноќеска е запален, објави „СДК.МК“.

Судијата останал недостапен за порталот, а од МВР само ги соопштија иницијалите на Суроји.

„На 04.04.2024 во 23.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица ‘Драгојло Диндиќ’ во Куманово настанал пожар во паркирано патничко возило ‘ауди’ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(42) од Куманово. Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а повредени нема. Увид бил извршен од екипа на СВР Куманово“, соопшти денеска МВР.

Целата вест ТУКА.

 

05.04.2024 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега