Сашо Мијалков: На ВМРО-ДПМНЕ му треба ново раководство

 

Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и разузнавање, долги години втор човек во партијата, за „Плусинфо“ ги коментира резултатите на избори и оценката дека се освоени два пратеника повеќе од најголемиот опонент СДСМ, без пратениците на БЕСА.

– Жалам што мора да кажам, но ваквите ставови се навистина незрели и несериозни. Да не знае човек дали да плаче или да се смее. Се плашам дека повторно Христијан Мицкоски и највисокото раководство околу себе става стаклено ѕвоно и ја игнорира реалноста. Повторно со некакви математики кои се разбирливи само за нив, креираат лажна слика и живеат во еден лажен свет. Проблемот е што сега се помалку граѓаните им веруваат. Добар дел и од блиските на Мицкоски  не веруваат во оваа лажна слика, но се плашат да кажат дека со политиките кои ги водеа и со неискрениот пристап, не успеаја да обезбедат поддршка од граѓаните.

Реалноста гласи дека ова раководство на ВМРО ДПМНЕ го оствари најслабиот резултат во историјата. Од освоените 455.000 гласови на последните парламентарни избори во 2016 година, Христијан Мицкоски падна на 315.000 гласа. Само Љубчо Георгиевски бил полош од него во 2002 година, кога освои 300.000 гласови, а тогаш и тој и Љубе Бошковски беа на црната листа на САД, a позади себе имаа шверц на цигари, нафта,убиства и куп други афери.

Затоа сите искрени и чесни членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се потиштени и разочарани, а само раководството слави победа.

На прашањето дека раководството обвини за изборни нерегуларности, поткуп на ранливите категории и бројни нарушувања на изборниот процс, Мијалков вели дека се пропуштила златна шанса.

– Човек треба да има храброст и да ја погледне вистината во очи. Вистината е дека се пропушти златна шанса Заев да биде соборен на избори со овакво владеење во изминатите три години. За жал јавноста не виде алтернатива во сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Како и може да види кога по ниту едно важно прашање раководството немаше заземено став?

Доколку имало поткуп, зошто тогаш МВР не го спречи? ВМРО-ДПМНЕ имаше технички министер цели седум месеци. Доколку тој не бил способен и неговиот тим, кој ги предложи и поддржа? Доколку СДСМ успеал да пенетрира кај социјално ранливите категории, тогаш чија била проценката ВМРО-ДПМНЕ да оди без технички министер за труд и социјала и да не се обиде да го спречи тоа, Мијалков вели дека имало многу грешки.

-Грешки има многу, но префрлањето на одговорноста нема да ја подобри реалноста. Дали биле лоши кандидатските листи или била лоша понудената програма или Републичкиот изборен штаб целосно потфрлил, повторно одговорноста оди кон едно место. Не може претседателот на РИШ да не свикува состаноци и луѓето кои треба да работат на терен да остануваат без инструкции. Не може кампањата да се води со реторика како во 90-тите години и спотови кои повеќе служеа за потсмев отколку што ги мотивираа граѓаните. Некој ја одобрил таа реторика и тие спотови, а видовме со колкава излезност резултираа.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега