Санкционирани 202 возачи за брзо возење

Полицијата при засилена акциска контрола на територијата на државата во текот на вчерашниот ден санкционира 202 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, од кои 104 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од санкционираните возачи, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

МВР информира дека продолжуваат засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

18.05.2022 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега