Само во Македонија: Кило ананас 67 денари - кило домати 90 денари

 

Замрзнати или одмрзнати цени, фер или нефер трговци, колабирано или целосно уништено земјоделство. Како и да сакате да гледате на работите, она што може да се види во продавниците низ Македонија е далеку од нормално.
На пример, килограм ананас во еден познат ланец на супермаркети во Скопје денеска се продаваше за 67 денари. Цената може да се каже дека е прилично ниска, но кога ќе ја споредите со онаа на доматите кои денеска беа нешто под 90 денари за килограм, не можете а да не си го поставите прашањето, „како е можно“?
Килограм ананас денеска беше исто пари како и килограм млада зелка на пример која се продаваше 65 денари.
Ананасот од некоја тропска земја до Македонија патувал и предизвикувал трошоци, но кај нас пак е поевтин од производите кои можеме и сами да ги произведуваме дома.
Точно е дека и доматот е увезен но вистинското прашање е зошто е тоа така кога ги имаме сите услови да го произведуваме дома. Ако не произведуваме доволно, треба да почнеме повеќе бидејќи очигледно е дека се троши.
Ако сакаме да гледаме на ведрата страна, и ананасот не е така лош.

06.03.2024 - 18:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега