Само Интегра и Алијанса поднеле тужби до Управниот суд до 18:00 часот

 

До Управниот суд денеска до 18 часот тужби поднеле две политички партии Интегра и Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и еден граѓанин за повреда на избирачко право.

Од Управниот суд за МИА информираат дека освен официјално заведените две, пристигнале уште 75 тужби од Алијанса и Алтернатива.

– Во тек се заведува на тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива по што ќе биде објавено на веб страницата, информираат од Управен суд.

Во Управниот суд во тек е јавна расправа по поднесената тужба од Живка Арсовска, од Куманово, за поништување на решението на Општинската изборна комисија за повреда на избирачкото право.

Претходно денеска во 14:50 часот во Управниот суд е поднесена и заведена уште тужба од подносителот ИНТЕГРА Македонска Конзервативна Партија за заштита на избирачко право на подносителите на листи.

Од Управниот суд, посочуваат дека за одржување на јавна седница дополнително ќе информираат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега