Министерот без ресор задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на на Ромите 2022-2030,  Шабан Салиу остварил средба со заменик-амбасадорот на Австрија, Матијас Хуменбергер.

Соговорниците размениле мислења за унапредување на заедничката соработка и дефинирале можни конкретни чекори за реализација на иницијативи во областа на образованието и културата, со особен акцент на интеграцијата на Ромите.

– Интеграцијата на Ромите не е само национален приоритет, туку и европска вредност. Затоа е значајно што Австрија, како наш партнер, покажува интерес за поддршка на иницијативи во областа на образованието и културата, кои ќе им отворат повеќе можности на младите и ќе го зачуваат нашиот културен идентитет, истакнал министерот Салиу.

Од Кабинетот на министерот информираат дека на средбата била нагласена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на партнерството и спроведување на активности коишто ќе придонесат кон инклузивни политики и долгорочен развој на ромската заедницата.

Leave A Reply

Exit mobile version