Сали: Лекарите бегаат од Македонија за повеќе пари, во државата нивните плати не се лоши

Министерот за здравство Беким Сали вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека платите на лекарите во Македонија не се лоши.

Тој вели дека според стандардот, тие се добри.

„Платите на лекарите во Македонија не се лоши. Според стандардот на државата, платите се добри. Има и такви лекари што бегаат за повеќе пари, но кога ќе имаме поорганизирани институции, лекарите нема да бегаат. Апсурдно е да си задоволен кога како доктор работиш на канцеларија од 2 квадрати“, вели Сали.

02.02.2023 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа