Сакал да изнуди пари од невенчаната сопруга па и праќал заканувачки пораки
Маж од струшко и се заканувал на невенчаната сопруга со цел да изнуди пари од неа, соопшти полицијата.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Н.(38) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „загрозување на сигурноста“.
Тој, во текот на оваа година, на неговата невенчана сопруга ѝ испраќал пораки со заканувачки содржини, обидувајќи се да ѝ изнуди пари.
10.11.2023 - 17:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа