Сајмон Кауел ја продава вилата од 20.000 евра - откри каков план има, ни пријателите не му веруваат
Англиската медиумска личност и член на жирито во „Х Фактор“ Сајмон Кауел (60) ја продава својата куќа во Лос Анџелес, со цел да живее поедноставен живот во Малибу, далеку од градскиот шум и гужва.
Имено, Сајмон продава вила вредна 18 милиони фунти (помалку од 20 милиони евра), во која има шест спални соби, базен, теретана, спа центар и кино, како и голем двор.
Сајмон ја купил вилата пред 16 години, а сега им кажал на своите пријатели дека ја продава за да живее во Малибу, затоа што сака помирен живот, далеку од холивудскиот шум и да поминува повеќе време со семејството.
– Симон ја обожава оваа куќа, до неодамна тоа беше неговата куќа од соништата. Но, сега тој сака да живее поедноставен живот и да создаде спомени со својот син и партнерката – започна изворот.
– Ова е крај на еден период, но тој очекува да има ново поглавје во неговиот живот – рече извор близок до него.
Потсетуваме, Сајмон го доби синот, Ерик (6), во врска со Лорен Силверман (43), а парот е заедно уште од 2013 година. Кауел е познат во Англија и Америка како член на жирито на популарните ТВ-емисии, како што се „Поп идол“, „Американски идол“, „Х фактор“ и „Британија има талент“.
Денес тој е „тежок“ 390 милиони фунти, а во телевизиската програма „Х фактор“ заработи 78,4 милиони долари во сезоната.
Ова не е прв обид на Симон да се оддалечи од метежот. Имено, тој неодамна откри дека воопшто не поседува мобилен телефон веќе три години. На прашањето како преживува без телефон, тој рече:
– Тоа е многу едноставно. Тоа значи да се разбудите без да ве чекаат 50 пораки, на кои не можете да одговорите – заклучи Симон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа