На вечерашниот митинг во Битола, генералниот секретар и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски, ја нагласи важноста од континуитет во работата на градоначалникот Тони Коњановски.

„-Дојдени сме со една цел – да обезбедиме континуитет на работата, посветеноста и љубовта кон Битола, преку човек кој го знае секој агол од градот. Тони Коњановски секогаш се поздравува со граѓаните, им посветува внимание и завршува она што го ветил, рече Сајкоски.

Тој додаде дека континуитетот значи не само одржување на веќе започнатите проекти, туку и нови инвестиции и активности.

-Следните четири години, како иден градоначалник, Коњановски ќе испорача двојно повеќе проекти, во соработка со централната власт и пратениците во Собранието, со цел Битола да стане уште поубаво место за живеење, нагласи Сајкоски.

Соработката меѓу централната и локалната власт е клучна, особено за општина Битола. Го повикувам секој да покани пријатели и сограѓани да ни се придружат за една голема победа во првиот круг – победа за проекти, за работа, за Тони Коњановски и за советничката листа. Таа победа ќе стави крај на оние кои се претставуваат како „независни“, а всушност се зависни од мал број луѓе и не ги застапуваат интересите на граѓаните, нагласи Сајкоски.

Тој додаде дека една од кандидатките за градоначалник бара директна поддршка од ДУИ, што го поставува изборот јасен – или патот на проекти и работа, или патот на зависност од „независните“. Сајкоски апелираше до сите да агитираат и да обезбедат дополнителни гласови и за советничката листа, која ќе донесе сигурност и стабилност во Советот.

Leave A Reply

Exit mobile version