Сајкоски: Невработеноста во Македонија расте, тоа е пораз на економските политики на оваа влада

-Мислам дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја превземе власта и влезот во институциите ќе биде еден тежок период. Но имаме план и програма на која што ќе се потпреме и ќе покажеме како што многу пати во минатото покажавме дека може подобро и нашите понудени решенија, нашата волја за работа и нашата одговорност што ја имаме кон работата и кон институциите ќе даде резултат, истакна Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМЕ во своето гостување во радио Лидер.

Сајкоски во текот на своето гостување посочи дека ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници покажа дека се може поинаку и подобро во Македонија.

Генералниот секретар на опозициската партија кажа и дека во моментов се зголемува невработеноста во државата.

-Имаме пад на вработеноста за прв пат после 20 години. Ако во 2017 година имаше 739000 вработени, денес има 692000. Што претставува пораз на економските политики на оваа влада, истакна Сајкоски.

22.03.2023 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега