САД му се заблагодари на Косово за прифаќањето на бегалците од Авганистанци

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во телефонски разговор со премиерот на Косово, Албин Курти, се заблагодари на Косово за „раниот и великодушен договор за привремен престој на ранливи лица од Авганистан”, соопштија од Стејт департментот. 

 

Првата група од околу околу 100 авганистански бегалци во Косово пристигна минатата недела 

 

-Косовската силна хуманитарна поддршка во текот на оваа транзиција е доказ за спремноста и капацитетот на земјата да учествува во глобалниот мир и безбедноста, изјави портпаролот Нед Прајс. 

Во соопштението се наведува дека државниот секретар Блинкен и министерот Курти ја одбележаа долготрајната соработка меѓу САД и Косово и повторно ги истакнаа заложбите за блиска соработка на заедничките приоритети.  

Со авион на американските воздухопловни сили, минатата недела во Косово стигна првата група од околу 100 авганистански бегалци

Косовската влада соопшти дека привремено ќе биде домаќин на околу 2.000 Авганистанци кои работеле за силите на САД, НАТО или други меѓународни организации, а во согласност со косовските закони, ќе им биде обезбеден привремен престој до две години.

06.09.2021 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа