Сединетите Американски Држави ја забавуваат, односно ја блокираат испораката на преку потребните ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ од трети земји кон Украина, објавија медиумите, повикувајќи се на извори од администрацијата.

Според наводите, новата американска администрација и министерот за одбрана сè уште не дадоа официјално одобрение за трансфер на ракетите-пресретнувачи од сојузничките залихи, што сериозно ја загрозува украинската воздушна одбрана.

Овој потег доаѓа во момент на зголемени тензии на релација Вашингтон–Киев. Украинското раководство во повеќе наврати предупреди дека на земјата ѝ се неопходни ракети „Патриот“ за заштита на градовите и критичната инфраструктура од зачестените воздушни напади.

Аналитичарите оценуваат дека одложувањето на одобренијата за извоз и трансфер на американската воена технологија од страна на сојузниците може да ја остави украинската армија со значително намалени капацитети за одбрана на небото.

Exit mobile version