САД одобрија продажба на воени авиони и резервни делови за Тајван во вредност од 330 милиони долари, соопшти Пентагон.

„Предложената продажба ќе ја подобри способноста на примателот да се справи со сегашните и идните закани преку одржување на оперативната подготвеност на флотата авиони F-16, C-130 и други летала“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на САД.

Ова е прва ваква трансакција откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари.

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека очекува продажбата да стапи во сила во рок од еден месец.

Канцеларијата на претседателот на Тајван ѝ се заблагодари на американската влада за продолжување на политиката на регулирана продажба на оружје и за поддршката во зајакнувањето на капацитетите за самоодбрана и отпорност на Тајпеј.

Портпаролката на претседателскиот кабинет, Карен Куо, истакна дека продлабочувањето на безбедносното партнерство помеѓу Тајван и САД претставува „важен камен темелник на мирот и стабилноста во Индо-пацифичкиот регион“.

Exit mobile version