Советот на Општина Карпош заседаваше по осми пат, каде советниците
разгледуваа 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока
поддршка доби Одлуката со која Општина Карпош отстапува дел од спортската
сала „Партизан“ која е во нејзино владеење, на времено користење од 3 години
без надоместок, за намена Младински центар – Карпош.

Оттука, Општината во
претстојниот период ќе распише јавен повик за избор на младинска организација,
која ќе раководи со младинскиот центар.

На тој начин локалната самоуправа ќе
овозможи простор со големина од 270 м 2 за младите лица на возраст од 15 до 29
години, каде ќе се јакнат нивните индивидуалните вештини за вработување, преку
организирање на креативни работилници и други техники за унапредување на
формалното и неформалното образование.
Со мнозинство гласови, членовите на Советот ја поддржаа и Одлуката за
едногодишно отстапување на простор во спортската сала „Партизан“, во чии рамки
ќе функционира канцеларија на Ресурсниот центар – Карпош.

И за оваа намена
Општина Карпош ќе објави Јавен повик за невладини организации и граѓански
здруженија, кои би биле дел од Ресурсниот центар. Основната дејност на
Центарот ќе биде здружено делување преку вмрежување и аплицирање на
проекти кои би биле од нивни интерес, како и од интерес на локалната самоуправа
и на граѓаните. Поддршка доби и Предлог – Одлуката со која Општината ќе му
отстапи на Црвениот Крст на Град Скопје, просторија во салата „Партизан“ која ќе
може да ја користи до една година, без никаков надоместок. На таа локација,
Црвениот Крст на Град Скопје ќе ја реализира услугата.

Exit mobile version