САД и Јужна Кореја спроведоа заеднички воени вежби
Нуклеарни бомбардери Б-52 и напредните стелт авиони на американската војска полетаа денеска во близина на Корејскиот Полуостров во рамките на заеднички вежби со јужнокорејски воени авиони, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.
Според соопштението, распоредувањето на американски бомбардери Б-52 и борбени авиони Ф-22 било дел од договорот за заштита на Јужна Кореја со сите расположливи средства, вклучително и нуклеарни.
Вежбите, во кои беа вклучени борбени авиони Ф-35 и Ф-15 на јужнокорејските воздухопловни сили, беа одржани денеска над морето југозападно од островот Јеју, соопшти Министерството.
Се додава дека американски и авиони Ф-22, за прв пат по четири години, учествувале на вежби во Јужна Кореја.
Вежбите се одржуваат откако Северна Кореја соопшти дека лансирала ракети за да го тестира својот прв шпионски сателит во развој и тестирала мотор со цврсто гориво што ќе се користи на напредна интерконтинентална балистичка ракета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа